X
 08.05.2018 Живот

Чудни илустрации што нѐ потсетуваат во каков свет живееме

Некои од илустрациите на Давид Бонаци ќе мора да ги погледнете двапати за да ги сфатите, но потоа нема да можете да ги исфрлите од глава. Истовремено се духовити и тешки, интригантни и застрашувачки, објективни и многу лични и чудесно едноставни во пристапот на проблемите од современото општество.

Бонаци е уметник од Болоња кој во морето инстаграм-уметници се издвои со својот специфичен стил, став, но и со фактот дека инспирацијата ја добива од реалноста што ни е доста блиска.

ilustracii
Фото: Davide Bonazzi

- Мислам дека инспирацијата е преценета: најважната работа во раѓањето добри идеи е концентрацијата. Илустраторите немаат време да чекаат инспирација, тие мора да ја пронајдат. Колку повеќе го ангажирам својот ум и сум фокусиран на она што сакам да го илустрира, толку подобри идеи добивам. Многу работи ме инспирираат од секојдневниот живот, особено оние што се поврзани со визуелни уметности, филм, стрип - објаснува тој.

Вели дека илустрациите го прават жив, а сличен ефект имаат и врз оние што ги гледаат.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот