X
 05.10.2025 Живот

Што работи денес Бекам – од фудбалска ѕвезда до сопственик на бизнис-империја

Семејството Бекам често беше тема во медиумите поради расправијата меѓу Дејвид, неговата сопруга Викторија и синот Бруклин, но тоа не им наштети на деловните интереси на Бекам, кој заработил дивиденда од 20,7 милиони евра благодарение на низа профитабилни договори со нови брендови.

Компанијата-чадор на бизнис-империјата на 50-годишниот поранешен капитен на Англија, „ДРЈБ холдингс“, забележала раст на профитот за речиси една четвртина минатата година, на 41,8 милиони евра. Приходите се зголемиле за еден процент на 85,8 милиони евра. Вкупната дивиденда од 48,8 милиони евра ќе биде поделена помеѓу „Футворк продакшнс“ на семејството Бекам, кое поседува 45 проценти од акциите во компанијата, и инвеститорот „Аутентик брендс груп“, кој купил мнозински удел од 55 проценти во 2022 година за 236 милиони евра.

Договор со „Сафило“ и „Бос“

Американската фирма „Аутентик брендс груп“ ги поседува правата за сликите на Мухамед Али и Елвис Присли, како и брендови како „Рибок“ и „Хантер“. „ДРЈБ холдингс“ ја контролира „ДБ Вентурс“, глобална компанија за управување со брендови и продуцентска компанија „Студиo 99“, која ја продуцирала документарната серија „Бекам“ на „Нетфликс“ во 2023 година.

Компанијата објавила дека моментумот на раст продолжил и во 2025 година со потпишување договор со производителот на очила „Сафило“, кој ќе дизајнира, произведува и дистрибуира колекцијата на очила за сонце и рамки за диоптриски очила на Бекам. Исто така, била потпишана повеќегодишна соработка со модната куќа „Бос“ за новата колекција на Дејвид Бекам. Првата заедничка колекција беше лансирана пролетта 2025 година, а есенско-зимската колекција беше претставена овој септември.

Нови соработки на хоризонтот

Компанијата, исто така, влезе во секторот за велнес, здружувајќи се со биомедицинската компанија „Пренетикс“ за да го лансира брендот „ИМ8“ на производи за здравје. Се очекува да бидат објавени повеќе соработки во наредните месеци, пред Светското првенство во 2026 година.

Бекам уживаше во 20-годишна фудбалска кариера, играјќи за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Милан. Откако се повлече од професионалниот фудбал во 2013 година, тој изгради огромна бизнис-империја, вклучително и косопственост на Интер Мајами ЦФ, во која ја доведе суперѕвездата Лионел Меси.

Денес, Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија вредат околу 600 милиони долари.

Извор: forbes.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот