X
 07.06.2023 Здравје

Рекордни нивоа на заразени со гонореја и сифилис во Англија

Во Англија се забележани рекордно високи нивоа на лица заразени со сексуално преносливите инфекции гонореја и сифилис, покажуваат новите податоци.

На луѓето им се препорачува да користат контрацепција за да се заштитат и да се тестираат ако се во ризик.

Во 2022 година во оваа земја биле регистрирани 82.592 случаи на гонореја, што е за 50 отсто повеќе од оние 54.661 регистриран во 2021 година, известија британските здравствени власти. Истовремено, бројот на заразени со сифилис се зголемил за 15 отсто, од 7.543 на 8.692.

Старосната група кај која е најверојатна дијагнозата на сексуално преносливи инфекции е од 15 до 24 години. Зголемувањето на бројот делумно се должи и на зголемениот број  тестови.

Британските здравствени власти советуваат дека најдобрата заштита се кондомите.



Податоците покажуваат дека биле направени 2.195.909 скрининзи или тестови на сексуалното здравје, што е за 13% повеќе од претходната година. Најчесто дијагностицирана инфекција е кламидија, вкупно 199.233 забележани случаи. Бројот на заразени со сифилис е најголем од 1948 година. Бројот на заразени со гонореја е највисок од 1918 година.

Гонореја (трипер или капавец) — заразно полово заболување кое се пренесува со полов контакт, може да се пренесе од мајката на плодот за време на бременоста, а многу ретко преку заразени предмети (облека, крпа, сунѓер) и го предизвикува бактеријата Neisseria gonorrhea. Извор на зараза е заразен човек и се пренесува со директен полов контакт преку кожа и слузокожа на половите органи.

Сифилис е полово пренослива инфекција што ја предизвикува бактеријата спирохета Treponema pallidum подвидpallidum. Примарно се пренесува преку полов контакт; а може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременост или при породување, што ќе резултира со вроден сифилис.

Извор: BBC

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје