X
 05.10.2025 Здравје

„Тест на палецот“ се користи за откривање срцеви проблеми, но еве што велат лекарите

Едноставен „тест на палецот“ би можел да укаже на ризик од срцеви проблеми, поточно аортни аневризми. Тестот на палецот се изведува за да се процени лабавоста на зглобовите, позната како хипермобилност, состојба поврзана со зголемена подвижност на зглобовите и аортна аневризма - зголемување на ѕидот на аортата, главната артерија што носи крв од срцето до остатокот од телото. Лекарите предупредуваат дека е невозможно да се каже врз основа на еден тест кој човек е изложен на зголемен ризик од аортна аневризма, што во најтешките случаи може да доведе до внатрешно крвавење или деламинација на ѕидот на аортата.

Што е тест на палецот?


- Tестот на палецот е едноставно движење чија цел е да се провери дали пациентот е изложен на зголемен ризик од аортна аневризма. Тестот се изведува со поставување на палецот преку испружената дланка. Ако палецот го премине работ на дланката, можнo е да има лабавост на зглобовите, состојба поврзана со болести на сврзното ткиво како што се Марфановиот синдром и Елерс-Данлосовиот синдром. Овие болести укажуваат на повисок ризик-фактор за аортна аневризма бидејќи е забележано дека луѓето со овие болести обично имаат ослабени ѕидови на крвните садови - вели кардиологот д-р Трејси Пешке.

Сепак, лекарите предупредуваат дека „тестот со палец и дланка“ не мора да значи аневризма. Можно е да станува збор за хипермобилност на зглобовите, што е честа појава кај споменатите нарушувања. 


Лекарите додаваат дека аортна аневризма може да се појави во абдоменот или во торакалната (градна) аорта. Аневризмата најчесто е резултат на атеросклероза, висок крвен притисок, пушење и генетска предиспозиција.

- Тестот со палец не е точна и сигурна алатка за скрининг на аортни аневризми. Многу здрави лица можат да имаат позитивен резултат без никакво нарушување на сврзното ткиво или васкуларна болест. И обратно, многу пациенти со аневризма можат да имаат нормален резултат од тестот - предупредува кардиологот д-р Тарак Рамбатла.

Кои ризик-фактори можат да укажуваат на можна аневризма?

Според експертите, ризик-фактори се:

-Возраст, повеќе од 65 години
-Машки пол
-Пушење
-Висок крвен притисок
-Нарушувања на сврзното ткиво
-Семејна историја на аневризми
-Конгенитална бикуспидна болест на аортна валвула.

На дијагнозата секогаш мора да ѝ претходи детален физички преглед, лабораториски анализи, а сите здравствени одлуки секогаш треба да бидат водени од медицински потврдени скрининг-методи и снимање, заклучуваат експертите.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје