X
 20.06.2017 Здравје

Јогата и нејзините позитивни ефекти врз здравјето

Можеби уште не можеме да го сфатиме механизмот преку кој нашето тело влијае на психолошката состојба, но неодамнешна студија покажува дека постојат големи психолошки придобивки од практикувањето на јогата.

Во студијата учествувале луѓе кои практикувале јога, а за експериментот изведувале две едноставни јога пози кои траеле две минути, а другите учесници изведувале „моќни пози“ исто така, две минути. Оние кои извеле јога пози имале посилно чувство на енергија, моќ и самодоверба, за разлика од другите.

Десеттиот кранијален нерв е најдолгиот од нервниот систем, кој е одговорен за несвесните телесни функции како дишење, циркулација и дигестивноста. Но, најверојатно функционира и е директно поврзан со емоционална регулација и социјална компетенција.

Јогата е физичка вежба која е комбинирана со регулирано дишење и техники за медитација. Многумина ги потенцираат позитивните ефекти на менталното и физичкото здравје, како и на личниот развој. Позитивно е тоа што јогата ја намалува хроничната болка. Помага при справување со астма, дијабетес, рак на дојка и слично. Исто така, позитивно влијае и кај лица кои страдаат од депресија, анксиозност, пост-трауматично нарушување, опсесивно компулсивно нарушување и шизофренија. Се зголемува самодовербата, се намалува стресот. Според спроведените истражувања, јогата го намалува и заморот и неговите негативни ефекти.

Со самото тоа што ја зголемува енергијата, јогата придонесува и за појава на чувство на задоволство и поголема самодоверба. Ефектите кои ги има јогата се должат на нервот „вагус“ од автономниот нервен систем кој го поврзува мозокот со телото – фацијалните мускули, срцето, белите дробови, дигестивниот тракт, бубрезите и репродуктивните органи. Освен тоа его регулира и однесувањето, па доведува и до чувство на релаксираност, смиреност и сигурност во односите со другите.

Според истражувањата, дури и кратко практикување на јогата, може да има позитивни ефекти на целокупната наша состојба.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје