X
 05.11.2022 Живот

Волците во Холандија ќе бидат гаѓани со пејнтбол-пиштоли за да се плашат од луѓето

Волците во делови од Холандија ќе бидат гаѓани со топчиња со боја што се користат за пејнтбол за да почнат да се плашат од луѓето, соопштуваат властите.

Постојат стравувања дека волците не се плашат од луѓето и токму поради тоа тие би можеле да станат сериозна опасност.

Одлуката на провинциската влада во Арнем доаѓа по видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа како волк шета покрај семејство во националниот парк Хоге Велуве.

Било одлучено за топки во боја за ренџерите да можат да видат кои волци се погодени. Властите се надеваат дека овие акции ќе ги поттикнат волците да се држат најмалку 30 метри подалеку од луѓето.

Еколошката организација „Фаунабешерминг“ ги обвини претставниците од паркот дека ги хранат волците и токму тоа е причината што не бегаат од луѓето. Проблемот лежи во тоа што тие може да бидат класифицирани како проблематични животни и подоцна уништени.

Според извештајот објавен во јуни, во земјата живеат околу 20 возрасни волци.

Најавата од локалната самоуправа не значи дека секој што има пејнтбол-пиштол може да се упати кон паркот и да почне да пука во волците.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот