Војските во земјите низ светот тестираат најразлични технолошки решенија кои, доколку се појави потреба, треба да им дадат предност на воените полиња. Од специјализирани очила со инфрацрвен вид и зголемена реалност, до егзоскелети што на војниците им помагаат да бидат побрзи и поиздржливи.
Холандската армија, пак, се фокусира на нешто друго. На видео објавено од компанијата „Гравити индустрис“ се гледа како еден војник, припадник на холандските специјалци, успешно тестира костим кој е опремен со четири мини-млазни мотори прицврстени на подлактниците кои достигнуваат 1.050 коњски сили. Со костимот може да се лета со брзина од над 60 километри на час до 8 минути.
Како војникот ѝ пркоси на гравитацијата, може да видите на видеото во кое холандските специјалци прават и вежба за качување на брод.
Треба да се напомене дека холандската армија не е ниту прва ниту единствена што го тестирала овој костим. Претходно истото го направија и британските војници, но засега нема информации дали некоја од овие армии ќе одлучи да набави вакви костими.
Фото: Screenshot/YouTube