X
 05.12.2023 Култура

Излезе трејлер за вториот дел од последната сезона на „Круната“

Последната сезона на серијата „Круната“ (The crown) е поделена на два дела. Едниот веќе се прикажува на „Нетфликс“, а вториот дел ќе пристигне на 14 декември.

„Нетфликс“ тукушто го објави трејлерот за вториот дел од серијата, односно за последните епизоди на серијата.

Првиот дел од сезоната се фокусира на последните денови на принцезата Дијана, а во вториот дел се става фокус на идниот крал - принцот Вилијам.

Во трејлерот се гледа и сцена од младоста на кралицата Елизабета Втора. Во последните епизоди се покажува и кралицата како се соочува со загубата на својата сестра и мајка.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура