X
 05.12.2025 Технологија

Истражувачи тврдат дека ова е најштетната социјална мрежа

Според нова анализа на истражувачи, „Редит“ е прогласена за најштетна платформа за лица кои се борат со зависности, поради малиот број хаштази поврзани со трезвеност, анонимноста на корисниците и поголемиот ризик од дезинформации. Во извештајот се наведува дека таква средина може да биде предизвикувачка за луѓе кои се ранливи за време на закрепнување, особено ако нема доволно поддржувачки заедници. По „Редит“, како штетни платформи се наведуваат и „Х“ (поранешен „Твитер“) и „Блускај“.

Психологот Ешли Мури истакнува дека средината игра клучна улога во процесот на закрепнување. Таа објаснува дека луѓето во средини со малку достапни ресурси често се насочуваат кон платформи како „Редит“ и „X“ за да најдат одговори, но таквите извори понекогаш ја заменуваат стручната помош со дезинформации.

Таа додава дека ризиците се зголемуваат кога советите се бараат од анонимни профили наместо од експерти, и препорачува да се побара медицинска помош ако постои опасност од одредени предизвикувачи.

По објавата на овие резултати, од „Редит“ го отфрлија заклучокот на истражувањето. Портпаролот на платформата вели дека методологијата е нејасна и неточна, како и дека „Редит“ воопшто не користи хаштази, поради што таквата процена не може да биде релевантна.

Од компанијата додаваат дека платформата има бројни заедници кои нудат поддршка за лица со зависности, дека во многу академски трудови е оценета како корисна, а и дека постојат строги правила и заштитни механизми за корисниците.

Извор: Nova.rs 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија