X
 23.01.2016 Технологија

Најдобрите професии во полето на технологијата за 2016 година

Моментално, технолошкото поле е едно од најпопуларните кариерни полиња за работа - побарувачката за овие професии постојано е во пораст, а познато е и дека овие професии нудат одлична заработувачка.

 

tehnologija


Веб страната „Glassdoor“ направи листа од најдобрите технолошки професии за 2016 година, која се однесува на работните места во Америка. Во анализата се разработени просечната плата, бројот на работни места и поени од 1 до 5.

1. Научник на податоци

Ова е кариера за која е потребен широк спектар на способности, вклучувајќи математички, статистички и бизнис стратегиски вештини. Нивната работа вклучува собирање и анализа на „големи податоци“ за презентирање на скриените бизнис увиди.

Број на работни места: 1.736
Средна основна плата: 116.840 долари
Оценка за кариерни можности: 4.1

2. Архитект за решенија

Ова е човек кој е одговорен за претворање на барањата во архитектура и опишување со помош на дизајнерските стандарди на архитектурата.

Број на работни места:
2.906
Средна основна плата: 119.500 долари
Оценка за кариерни можности: 3.5

3. Мобилен девелопер

Софтверските барања се претвораат во програмабилен код и програми од мобилниот девелопер. Обично, мобилниот девелопер има вештини во една специфична област како развивање на мобилни телефони, графички софтвер, бизнис софтвер итн.

Број на работни места: 2.251
Средна основна плата: 90.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.8

4. Менаџер на производи

Менаџерот на производи наоѓа пресек помеѓу технологијата, бизнисот и искуството на корисникот за да открие вреден и остварлив производ. Оваа личност го надгледува проектот и нивниот напредок.

Број на работни места: 6.607
Средна основна плата: 106.680 долари
Оценка за кариерни можности: 3.3

5. Софтверски инженер

Софтверскиот инженер е одговорен за целосниот „животен циклус“ на новата или изменета верзија на софтверот. Ова лице работи на се` - истражување, дизајнирање, тренинг, примена и поддршка.

Број на работни места: 49.270
Средна основна плата:
95.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.3

6. Аналитички менаџер

Аналитичкиот менаџер игра клучна улога во процесот на дизајнирање на идната стратегија на една компанија. Ова лице генерира информации врз основа на претходните рекорди и перформанси за да се дојде до сеопфатен резултат.

Број на работни места:
982
Средна основна плата: 105.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.7

7. Менаџер за развивање на софтвер


Менаџерот официјално се нарекува „човекот во средината“. Овој човек се занимава со развивање на софтверски проекти и се грижи за клиентите, развивањата, менаџментот и аспектите на продажба.

Број на работни места:
1.199
Средна основна плата: 135.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.4

8. Менаџер за обезбедување на квалитетот


Овој менаџер гарантира дека крајот на производот ќе ги исполни потребните критериуми, воспоставува процедури и одредени стандарди на квалитет.

Број на работни места:
3.749
Средна основна плата: 85.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.4

9. „User experience“ дизајнер

Овој дизајнер е одговорен за изгледот и чувството на производот. Личноста истражува повеќе пристапи за да се дојде до конечно решение и да се обезбеди дека производот обезбедува најдобро корисничко искуство.

Број на работни места: 863
Средна основна плата: 91.800 долари
Оценка за кариерни можности: 3.6

10. Софтверски архитект

Софтверскиот архитект е експерт кој дизајнира софтверски апликации и диктира како софтверот ќе биде имплементиран во едно претпријатие.

Број на работни места: 653
Средна основна плата: 130.000 долари
Оценка за кариерни можности: 3.4
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија