X
 06.02.2020 Здравје

Ако се чувствувате лошо наутро, можеби виновникот за тоа е звукот на алармот

Малкумина сакаат да се разбудат рано наутро, а повеќето се будат рано само поради работните обврски. Затоа служат алармите на телефоните кои ни помагаат да се разбудиме наутро. Но, дали алармот има поголема улога од едноставното будење?

Науката вели дека видот на звукот од алармот може да има влијание врз будењето и расонувањето. Ново истражување од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн се занимавало со звуците за будење и нивното влијание врз спиењето. Истражувачите го објаснуваат ова како „инерција на спиење“, што ја намалува будноста и се јавува во периодот од будењето до четири часа по него.

Според научниците, звукот на алармот влијае врз инерцијата на спиењето. Поточно, звуците што учесниците во истражувањето ги сметале за мелодични ги намалувале ефектите на инерцијата на спиење. Спротивно на тоа, луѓето потешко се расонуваат доколку се разбудени од аларми кои не звучат мелодично.

Едно објаснување за ова откритие е дека немелодичните и силни звуци можеби го збунуваат мозокот додека се буди, додека мелодичните звуци можеби му помагаат да премине во будна фаза на поефикасен начин.

Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје