X
 06.03.2024 Живот

Фрлање догорче на земја ќе чини 250 евра - се зголемуваат казните во Берлин

Политичарите во Берлин планираат значително да ги зголемат казните за нелегално депонирање отпад во градот.

Ова произлегува од предлогот на претставниците на ЦДУ и СПД, кој е достапен за германските медиуми и за кој ќе се расправа во парламентот, пишуваат германските медиуми.

Незаконското фрлање догорчиња, најлонски кеси или чаши за еднократна употреба наскоро би можело да ги чини граѓаните 250 евра - наместо сегашните 55 евра.

-Итно се потребни промени. Милиони евра на даночните обврзници ќе се потрошат за депонирање на диво фрлен отпад - истакнал претставник на ЦДУ, кој помогнал во креирањето на новиот каталог на казни.

Само во 2023 година се очекува трошоците на берлинската градска чистота да достигнат 12 милиони евра.

Полска ја тужи Германија за отпад


Полска поднела жалба до Судот на правдата на Европската Унија во врска со нелегално складирање германски отпад на нејзина територија, соопштиле од полското министерство за клима и животна средина.

- Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската Унија против Германија за непочитување на обврските од правото на Европската Унија - се вели во соопштението.

Според процените на полското министерство, во периодот од 2015 до 2018 година во Полска влегле околу 35.000 тони отпад. Во октомври Европската комисија го прифати мислењето на Полска за спорот со Германија, во врска со наводното складирање отпад на полска територија. Според мислењето на ЕК, Германија во рок од 30 дена не ја исполнила својата обврска да го отстрани отпадот, кој илегално бил транспортиран на југозападот од Полска.

Извор: b92.net

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот