X
 06.04.2022 Култура

Овој прекрасен нов филм на „Нетфликс“ има највисока оценка на „Ротен томејтос“

Ако постои нешто заедничко за сите филмови за кучиња, тоа е дека тие се емотивни. Ако најдобриот пријател на човекот е вклучен во приказната, филмот речиси сигурно ќе ве погоди право во срцето, а ако имате искуство од реалниот живот, тогаш ќе ви се случи бура од емоции.

Очигледно тоа им се случи на гледачите на новиот филм на „Нетфликс“ - „Спасен од Руби“, кој пристигна на стриминг-платформата на 17 март и е базиран на вистинската приказна за кучето Руби, мешанче од австралиски овчар и бордер коли.

Руби била однесена во засолниште за животни во Род Ајленд откако покажала проблеми во однесувањето. И покрај тоа што пет различни семејства ѝ дале можност за нов дом, таа била вратена во засолништето.

Во 2011 година полицаецот Даниел О'Нил го посетил засолништето со надеж дека ќе најде куче трагач. Тој ја запознал Руби и одлучил да ја одведе на обука за да стане полициско куче. Во 2017 година Руби стана дел од полициските сили, а учествувала во потрагата по тинејџер кој бил изгубен 36 часа.

Работата на Руби е детално опишана во овој филм, во кој главната улога ја глуми едно поранешно куче од засолниште чии тренери на кучиња од филмот му го спасиле животот.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура