X
 04.11.2021 Култура

Пристигна трејлерот за новиот филм со Сандра Булок

„The Unforgivable“ е насловот на новиот филм на „Нетфликс“. Судејќи по трејлерот, кој излезе неодамна, дефинитивно станува збор за возбудлив филм.

Постојат неколку причини за ова. Прво, главната улога ја толкува оскаровката Сандра Булок. Станува збор за Рут Слејтер, жена кој излегува од затвор по 20 години. По излегувањето, се разбира, таа ги среќава духовите од минатото, а нејзината цел е да ја пронајде својата помлада сестра со која изгубила секаков контакт по немилиот настан поради кој завршила зад решетки.

Новиот живот, обидите, потрагата, емоциите, внатрешниот раздор ѝ ја отежнуваат ситуацијата на Слејтер.



Извор: Lolamagazin.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура