X
 06.04.2023 Здравје

Зошто чувствувате поголем глад кога е студено?

Времето е променливо, па се случува да има вистински зимски денови иако е пролет. Можеби сте забележале дека имате поголем апетит, особено за одреден вид храна, во студените денови. Зошто е тоа така?

Во студените денови нашето тело чува топлина. Телото ја испраќа зачуваната енергија до внатрешните органи за тие да може да функционираат. Телото може да прави и активности за производство на топлина, како тресење. Освен тоа, може да бара и дополнителна енергија преку калориите во храната.

Кога јадеме, телото треба да троши енергија за да ги вари, апсорбира и преработува хранливите состојки. Овој процес доведува до создавање топлина во телото и ја зголемува телесната температура.


Фото: Pixabay

Конечно, некои луѓе забележуваат пад на серотонинот во студените денови. Нашето тело произведува повеќе серотонин кога сме изложени на сончева светлина, а оваа супстанција помага во регулацијата на расположението, апетитот и спиењето, меѓу другото. Кога нивото на серотонин е ниско, може да предизвика зголемен глад и помало чувство на ситост, што прави да сме погладни дури и по јадењето.

Зошто сакаме одреден вид храна во студените денови?

Многумина не сакаат да јадат салати во зима. Истражувањата покажале дека мозокот го перципира студеното време и бара топла храна, а тоа предизвикува чувство на удобност.

Храната која прави да се чувствуваме задоволни може да се разликува од човек до човек. Некои сакаат храна која ги потсетува на минатото, но повеќето сакаат храна која има многу јаглехидрати поради падот на нивото на серотонинот.

Извор: The conversation
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје