X
 06.05.2019 Живот

53 години нуклеарни тестирања во само 14 минути

Јапонскиот уметник Исао Хашимото направи кратко видео кое на едноставен начин е убаво, но и страшно бидејќи документира 2.053 нуклеарни експлозии што се случиле во периодот меѓу 1945 и 1998 година.

На снимката може да се видат црните копнени предели опколени со длабоки сини океани.

Сè почнува полека во јули 1945 година, со експлозијата на југозападот од Америка - првата проба на нуклеарно оружје наречена „Тринити“. Само еден месец подоцна се експлозиите во Хирошима и Нагасаки.

Потоа одбројуваат месеци како да се секунди, а секоја нација што фрлила нуклеарна бомба добива посебен звук и боја на светкање кога ќе детонира оружјето додека на екранот се одбројува.

Веројатно не сте знаеле за колку детонации се одговорни САД (1.032). Видеото завршува со пакистанскиот нуклеарен тест во мај 1998 година.

Погледнете го делото на Хашимото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот