X
 06.06.2020 Култура

Дизајнер замислува како би изгледале неговите омилени филмови кога би биле стари книги

Филмовите честопати се адаптации на најпродаваните книги, што предизвикува бесконечна дискусија за тоа што било подобро - книгата или филмот.

Дизајнерот и илустратор Мет Стивенс од Северна Каролина направи нешто многу интересно - познатите филмови добија книжевни адаптации - проект што ќе го обожаваат и книгољупците и филмољупците.

Комбинирајќи ја неговата љубов кон филмот со старите насловни страници на книгите, тој го нарекол проектот „Добрите филмови како стари книги“ замислувајќи ги своите омилени филмови со стари корици. На кориците филмовите се одлично прикажани, со одлично смислени илустрации.

- Сè почна како личен проект кон почетокот на годината. Сакам филмови и барав нешто што ќе ми овозможи да истражувам нови стилови на илустрација и креативност. Навистина уживав во процесот и одлучив да продолжам сè додека уживам во тоа - вели Мет.

За тоа како ги создава кориците од книгите, Стивенс вели дека прво му доаѓа концептот.

- Се фокусирам на еден филм и оставам да ми се врти низ глава. Инспирацијата доаѓа во чудни периоди, така што ги оставам мислите да доаѓаат и да дојде вистинската идеја - вели тој.

Сега се обидува да го претвори проектот во уметничка книга од 100 дела за обожавателите да можат да уживаат.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram | hellomattstevens.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура