X
 06.07.2021 Здравје

Илјадници Индијци мислеле дека се вакцинирале против ковид-19, а всушност примиле солена вода

Над 2.600 луѓе во Индија што примиле вакцина против ковид-19 во специјализирани кампови можеби примиле солена вода наместо вакцина. Станува збор за голема измама откриена од „Њујорк тајмс“.

Полицијата досега уапсила 14 лица кои се осомничени дека учествувале во измамата која траела последните два месеца во над десет приватни пунктови за вакцинација во Мумбај. Властите конфискувале над 20.000 долари од осомничените.

Организаторите на измамата, меѓу кои имало и здравствени работници, наплаќале до 17 долари за вакцина.


Фото: Freepik

Измамата била разоткриена откако повеќе луѓе што примиле вакцини на овие локации забележале дека нивните детали не се на веб-страницата од владата на која се следи бројот на вакцинирани луѓе. Во некои случаи, информациите што ги добиле на сертификатите за вакцинација не одговарале со податоците на веб-страницата.

За жал, ова не е прва измама со вакцини против ковид-19. Во март била разоткриена глобална мрежа на криминалци кои тргувале со лажни вакцини насекаде низ светот. Биле пронајдени илјадници лажни вакцини во Кина и Јужноафриканска Република.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје