X
 06.09.2018 Технологија

Започна акцијата по повод почетокот на новата академска година!

Секој септември значи и повторно враќање на книгите и учењето, а за тој почеток да биде што полесен, но и поттикнувачки, следните два месеца избраните Apple производи ќе бидат достапни по акциски цени.

Нема да должиме со премногу детали – сè што треба е да ја посетите нашата iSTYLE продавница или, пак, нашата интернет-продавница и да ја погледнете понудата на Mac производи по намалени цени. Единствено што не треба да заборавете е да ја земете со себе потврдата од редовен студент или професор.

Она што е специфично за овогодишната кампања Back to School е тоа што таа е подготвена во соработка со Mastercard®. Фантастичниот лаптоп MacBook Pro е со досега невидено намалување од 22% попуст. Со купување на овој лаптоп вие ќе заштедите дури 19.910 МКД! Повеќе за понудата и условите можете да прочитате тука.

Промоцијата опфаќа:

Сите Mac лаптоп модели, претставени во 2017 и 2018 година, се со 10% попуст (освен моделите MacBook Air 128GB, и MacBook Pro 128GB кои имаат посебна цена)

Тука можете да ги погледнете сите детали околу промоцијата.



Непотребно е да се каже дека ова е идеална можност да се одлучите да купите производ од Apple. Избраните уреди во понудата се и тоа како корисни, како за студенти така и за професори. Mac лаптопите доаѓаат со моќни процесори и имаат многу издржливи батерии, со цел без проблеми да ги испратат целодневните ваши предавања. За големиот број апликации што помагаат во учењето и се достапни во App Store, не треба премногу да се зборува.

Како до твојот нов Mac?

Доколку сакате да купете некој од производите во интернет-продавницата на iSTYLE, потребно е да го изберете посакуваниот производ и да ги следите чекорите за завршување на нарачката. Производот може да ви биде бесплатно доставен преку курирска служба или, пак, да го преземете од продавница. Плаќањето можете да го извршите во готовина при испорака, со картичка или со уплата на жиро-сметка (банкарски трансфер). Откако ќе ја завршете онлајн-нарачката, на webshop@istyle.mk, неопходно е да го испратите индексот од редовен студент со заверена тековна година на студирање или потврда за работа во образовна институција. На тој начин нарачката ќе ја комплетираме, а производот ќе го спремиме за испраќање или преземање од продавница.

Исто така, можете да ја посетите и нашата iSTYLE продавница. Не заборавајте со себе да ја понесете потребната документација. Да потсетиме, потребен ви е индекс од редовен студент со заверена тековна година на студирање или потврда за работа во образовна институција.

Во секој случај, немојте многу да чекате. Акцијата важи само до 1 ноември 2018 година или до истекот на резервите.

Комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија