X
 07.06.2023 Живот

Лани во Македонија се родиле 18.183 деца, 17 од мајки помали од 15 години

Во 2022 година во Македонија се родиле 18.183 деца, од кои живородени се 18.073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со претходната година, е намален за 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека ова е најмал број на родени деца во последните десет години, со тоа што во 2013 година биле регистрирани дури пет илјади живородени деца повеќе, односно 23.138. До 2016 година бројот на живородени деца во земјава се движи околу 23 илјади, но од 2017 година е во пад, за да стигнеме до ланските 18 илјади.



Во структурата според пол, кај живородените деца лани машките имале поголемо учество, и тоа од 51,2%, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1.717, во 2022 година имало во месец јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,2% имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29,4 години, а кај прворотките 27,7 години.

Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година.

Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.

Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7% од вкупниот број на живородените деца.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот