Централноафриканската Република има најголем удел на деца во популацијата, 56,2 отсто.
Во Нигерија популацијата под 18 години достигнува 112 милиони, што е приближно еднакво на целата популација на Филипини, 13. најнаселена држава во светот.
Светската популација во просек старее, но ова не се случува со ист интензитет насекаде.
Во многу делови на Супсахарска Африка децата сè уште претставуваат мнозинство во популацијата, што влијае врз големината на училниците, пазарите за потрошувачи и општествената структура.
Графиконот подолу ги рангира земјите според уделот на лица под 18 години во 2025 година, истакнувајќи каде младешката енергија претставува и можност и предизвик.
Рангирање: Земји со најголем удел на деца (под 18 години) во 2025 година
Фото: Visual Capitalist
Забелешка: Податоците се заокружени и се процени за 2025 година. Во земјите со мала популација може да има изместувања во рангирањето. Регионалната класификација е според Геошемата на ОН за статистика.
Во дури 11 земји речиси половина од популацијата е под 18 години, вклучително и Нигер, Мали и Чад. За споредба, глобалниот удел на деца е само 28 отсто.
Забележливо е дека сите топ-10 држави се во Африка, а седум од нив се наоѓаат во регионот Сахел или Централна Африка.
Во овие региони стапката на наталитет често е над пет раѓања по жена, а и покрај опаѓањето на детската смртност, големината на семејствата не се намалила значително.
Ова значи дека популациите ќе продолжат да растат, дури и ако стапките на раѓање се намалат. Ова го создава феноменот наречен „младински бран“ што може да биде економска предност ако се вложува во образование и работни места, но и ризик за нестабилност ако тоа не се случи.
Нигерија: Иднина на глобалната сила?
Иако Нигерија е на 21. место според уделот на деца (47,5 отсто), таа се издвојува по вкупниот број. Ова е приближно еднакво на целата популација на Филипини, 13. најнаселена земја на светот.
Младата популација на Нигерија веќе привлекува инвестиции во области како што се финтек, образовни технологии и забава.
Но, истовремено, вакви бројки вршат притисок врз енергетскиот систем, образованието и пазарот на труд, што ја истакнува потребата од континуирани реформи во инфраструктурата и образованието.
Маргинализираната младина може да доведе до социјални немири, а често е и цел на радикални и терористички групи.
Зошто е важно да знаеме каде живеат децата?
Разбирањето на глобалната распределба на младата популација е клучно за планирање училишта, дигитална инфраструктура, здравствени услуги, но и за социјална кохезија и одржлив развој.
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik