X
 07.07.2019 Култура

Виена овозможува бесплатни посети на кина и театри за сиромашните

Во главниот град на Австрија веќе 15 години постојат бесплатни пропусници за 220 институции од културата за луѓето со ниски примања.

Пропусницата „Културпас“ на луѓето со ниски примања им овозможува бесплатен влез во многубројни институции oд културата, како кина, музеи и театри.

Акцијата е наречена „Глад за уметноста и културата“, а била лансирана во 2003 година од театарот „Вајнхаус Виен“ во соработка со австриската мрежа на организации за социјална помош „Армутсконференц“. Со оваа иницијатива целта е да се насочи вниманието на тоа дека уметноста и културата треба да бидат достапни за сите луѓе.

Секоја институција на културата вклучена во кампањата овозможува слободен влез, а пропусниците се финансираат со помош на лични донации, институции или спонзори.

Оваа акција треба да им биде од корист на оние што поради финансиски причини не можат да учествуваат во културата. Ова се однесува на луѓето со минимална пензија, оние што примаат социјална помош и бегалците.

Моментално 46.431 лице во Виена поседуваат и ја користат оваа пропусница. На акцијата ѝ се приклучија и други делови од Австрија, а постојат модели и во странство по примерот на виенскиот.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура