X
 18.07.2015 Култура

Позади сцената на познатите европски театри

Во последните неколку години, фотографот Клаус Фрам ги фотографирал неверојатно украсените европски театри од другата страна на сцената.

 

театар


Фотографиите на Клаус се во основа оние на „четвртиот ѕид“ - термин користен во светот на театарот и киното кој се однесува на замислениот сценски ѕид кој го дели светот на ликовите со оној на публиката. Направени позади кадифените завеси, фотографиите на Клаус даваат прекрасен поглед на осветлувачките стурктури и огромната механика како и величенствената сцена. Гледајќи во овие фотографии, можете да го видите огромниот простор кој го крие црвената завеса која може да биде три пати поголема од самото место кадешто е седната публиката. Клаус совршено го доловува контрастот меѓу топлото и удобното седиште на театарот и студената машинерија позади сцената.

„Во еден момент сцената беше целосно празна, па ја фотографирав публиката врамена во сијалиците и структурите пред нив. Подоцна, кога си одев дома, и кога ја видов фотографијата, сфатив дека црвените столчиња се како слика во слика“, објаснува Клаус.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура