Пред да ја изберете следната туристичка дестинација, можеби треба да се запрашате колку е безбедно таму? Туристичките водичи често зборуваат за атракции и гастрономија, но ретко се осврнуваат на локалната перцепција за криминал. „Нумбео“ е платформа каде што луѓето сами ја оценуваат перцепцијата за криминал во одреден град или земја.
Оценувањето се врши на скала од -2 (многу небезбедно) до +2 (многу безбедно). За да се обезбеди веродостојност, „Нумбео“ применува филтри кои откриваат спам и лажни профили. Финалните оцени се претвораат во скала од 0 до 100:
Под 20 - многу ниско ниво на криминал
20 до 40 - ниско
40 до 60 - умерено
60 до 80 - високо
Над 80 - многу високо ниво на криминал
Што точно се оценува?
Луѓето ги рангираат следните фактори: општа перцепција за криминал, чувство на безбедност во текот на денот и навечер, страв од грабеж, кражба, вознемирување и слично, страв од провала и вандализам и насилни криминали (напад, убиство, сексуално насилство).
Важно е да се напомене дека се работи за перцепција, а не за официјални полициски податоци.
Најопасни земји според Индексот на криминал за 2025:
Питермарицбург, Јужна Африка - 82,7
Преторија, Јужна Африка - 81,8
Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја - 81,4
Каракас, Венецуела - 81,3
Јоханесбург, Јужна Африка - 80,8
Дурбан, Јужна Африка - 80,4
Сан Педро Сула, Хондурас - 79,4
Порт Елизабет, Јужна Африка - 78,3
Мемфис, Тенеси, САД - 78,0
Салвадор, Бразил
Извор:
NDTV.com
Фото: Freepik