X
 07.09.2018 Технологија

Фарма со ветерници голема колку 20.000 фудбалски терени

Најголемата фарма за ветерници, со површина колку 20.000 фудбалски терени, е отворена на брегот на Камбрија.

Објектот „Вални“ веќе имал 102 турбини пред неговото завршување. Му биле додадени уште 87 на почетокот на оваа година.

Секоја турбина е висока 190 метри, а ветерната фарма покрива површина од 145 квадратни километри. Може да генерира 659 мегавати - доволно за напојување на 600.000 дома.

Фармата се наоѓа во Ирското Море, на околу 19 километри од Бароу-ин Фурнес. Данскиот сопственик „Орстед“ во 2015 година ја започна изградбата на проектот.

фарма
Фото: ORSTED


- Северозападниот регион игра важна улога во нашето британско офшор-работење на ветерниците, а нашата цел е тука да направиме трајно и позитивно влијание - изјави управниот директор Метју Рајт.

- Рекордните инженерски обележја како што е ова ни помагаат да ja консолидираме нашата глобална лидерска позиција, да ги рушиме рекордите во генерирање обновлива енергија и да создадеме илјадници висококвалитетни работни места - изјави министерот за енергетика Клер Пери.

Околу 250 луѓе ќе бидат вработени во одржување на фармата со ветерници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија