X
 08.02.2022 Култура

Објавени номинациите за 94. издание на „Оскарите“: „Моќта на кучето“ доминира

„Моќта на кучето“ води меѓу номинираните филмови со 12 номинации. Режисерката на филмот, Џејн Кемпион, влезе во историјата со тоа што стана првата жена која повеќе пати била номинирана за најдобар режисер (нејзината претходна номинација беше за филмот „Пијано“).

Нов рекорд постави и режисерот Стивен Спилберг. Како продуцент на „Приказна од западната страна“, филм што заработи 7 номинации, Спилберг стана продуцент на 11 филма номинирани во категоријата најдобар филм, што е нов рекорд на „Оскарите“.

Дензел Вашингтон го продолжи рекордот што веќе го држи како најноминиран афроамерикански актер, добивајќи ја својата десетта номинација за „Оскар“ за неговата изведба во „Трагедијата на Магбет“.

Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 27 март.

Подолу е листа со категории и номинации.

Најдобар филм

„Белфаст“
„КОДА“
„Не гледај нагоре“
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“
„Алејата на кошмарот“
„Моќта на кучето“
„Приказна од западната страна“

Најдобра актерка во споредна улога

Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“
Аријана ДеБозе, „Приказна од западната страна“
Џуди Денч, „Белфаст“
Кирстен Данст, „Моќта на кучето“
Онџану Елис, „Кралот Ричард“

Најдобар актер во споредна улога


Киран Хајндс, „Белфаст“
Трој Котсур, „КОДА“
Џеси Племонс, „Моќта на кучето“
Џ.К.Симонс, „Да се биде Рикардо“
Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“

Најдобар странски филм

„Вози го мојот автомобил“
„Бегство“
„Божјата рака“
„Лунана: Јак во училницата“
„Најлошата личност на светот“

Најдобар анимиран филм


„Енканто“
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“
„Раја и последниот змеј“

Најдобра песна

„Be alive“ од „Кралот Ричард“
„Dos Oruguitas oд “„Енканто“
„Down to joy“ од „Белфаст“
„No Time To Die“ од „Нема време за умирање“
„Somehow You Do“ од „Четири добри денови“

Најдобар анимиран филм

„Енканто“
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“
„Раја и последниот змеј“

Најдобро адаптирано сценарио

„КОДА“
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Изгубената ќерка“
„Моќта на кучето“

Најдобро оригинално сценарио

„Белфаст“
„Не гледај нагоре“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“

Најдобар актер во главна улога

Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“
Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“
Ендрју Гарфилд, „Тик, тик...бум!“
Вил Смит, „Кралот Ричард“
Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“

Најдобра актерка во главна улога

Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“
Оливија Колман, „Изгубената ќерка“
Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“
Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“
Кристен Стујарт, „Спенсер“

Најдобар режисер


Кенет Брана, „Белфаст“
Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“
Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“
Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“
Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура