Во последните месеци имаше повеќе земјотреси низ светот. Доколку сакате во секој момент да следите каде има земјотреси, постои веб-страница која ги нуди токму овие информации.
Станува збор за официјалната веб-страница на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). На оваа веб-страница може да се види во кој дел од светот има земјотрес во кој било момент од денот.
Податоците се ажурираат 24 часа во денот. На мапата на насловната веб-страница може да се видат најсилните земјотреси во последниот ден, кои се означени со црвена боја. Веб-страницата нуди и опција да се пријави земјотрес доколку го почувствувате, а нема податоци за него.
Веб-страницата можете да ја најдете
овде.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија: Unsplash