X
 23.01.2019 Технологија

По новите ЕУ-закони за авторските права, вака ќе изгледа пребарувањето на вестите

Минатиот септември Европскиот парламент ја изгласа дискутабилната Директива за авторски права, чија цел е да ги ажурира правилата за авторски права за интернет-ерата, но критичарите велат дека на крајот ќе го уништат интернетот.

Како што завршуваат преговорите за Директивата, „Гугл“ издаде необично предупредување за тоа колкава штета би направиле новите закони, објавувајќи како ќе изгледаат резултатите од пребарувањето кога законот ќе стапи во сила.

Всушност, „Гугл“ објави слика на празна страница за резултатите од пребарувањето на најновите вести. Една од контроверзните ставки на Директивата, членот 11, на издавачите им дава право да наплаќаат лиценца за прикажување исечоци од своите вести. „Гугл“ го толкува овој закон на два начина - или ќе почнат да се наплаќаат лиценците или нема воопшто да се прикажува исечокот. Во овие тест-скриншоти, „Гугл“ демонстрира како би изгледал интернетот кога не би се плаќале лиценци за исечоци.

На скриншотите им недостигаат слики и поврзани вести, а на другите скриншоти се видливи само насловите. На сликата недостига и сето она што е важно за пребарувањето, освен натписите за која страница станува збор и кога е објавена веста. На блог-пост објавен минатиот декември потпретседателот на „Гугл“ за вести, Ричард Гинграс, го објасни нивниот став кон член 11. Тој смета дека со воведувањето на законот ќе бидат погодени повеќето издавачи, а „Гугл“ би бил принуден да избере „победници и губитници“ кога ќе се плаќа содржината.

- Онлајн-сервисите што не генерираат заработка, како нашите „Гугл вести“, би морале да изберат со кои издавачи ќе соработуваат. Моментално околу 80.000 издавачи соработуваат со нас, но со воведувањето на член 11 би отпаднал значаен број од нив - објаснува Гинграс.

gugl
Фото: Google

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија