X
 08.04.2017 Наука

Играњето тетрис спречува појава на посттрауматското стресно пореметување

Играњето Тетрис во болница само неколку часа после доживеаната автомобилска несреќа може да придонесе до спречување на појавата на посттрауматското стресно пореметување, покажува новото истражување на шведските и британските научници.

Научниците истражувањето го спровеле на 71 лице, сите жртви на автомобилска несреќа додека ја чекале лекарската обработка на болничкиот оддел за итна служба.

Од половина од пациентите барале накратко да се потсетат на несреќата и потоа да започнат да играат тетрис, една од најпопуларните игри во која играчот составува блокови во разни бои и форми. Името ѝ доаѓа од грчкиот префикс „тетра“ (четири) бидејќи сите делови се состојат од четири сегменти.

Другата група добила задача да се обиде да се опушти со компјутерски игри базирани на зборови.

Научниците од шведскиот Институт Каролинска и Универзитетот во Оксфорд заклучиле дека пациентите кои играле тетрис доживеале помалку повторени сеќавања и „флешбекови“. Имено, еден од симптомите на посттрауматското стресно пореметување било повторување на мислите поврзани со трауматичното искуство.

Резултатите од истражувањето покажале дека играњето тетрис набрзо после трауматичното искуство го намалува бројот на мисли поврзани со непријатните случувања и го менува начинот на кој се чува меморијата. Научниците се согласни дека играњето тетрис е поефективно отколку играњето на други видео игри како оние кои се потпираат на тривија или јазични вештини. Причината за ова е веројатно што тетрисот активира различни мозочни области.

Посттрауматското стресно пореметување го има секоја четврта личност која доживеала автомобилска несреќа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука