X
 08.05.2019 Образование

Пишуванка и Тетратка за почетно пишување - нови изданија на „Светот на Биби“

Пишуванка и Тетратка за почетно пишување се најновите изданија на „Светот на Биби“. Со оваа помошна литература ќе се обидеме да им помогнеме на децата и на нивните родители полесно да го поминат процесот на учењето на буквите и убавото пишување.
Пишуванката е во А4-формат и во неа има примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“.
Тетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.
Новите изданија ќе бидат промовирани на штандот на „Светот на Биби“, в недела од 17:30 часот, во рамките на Саемот на книгата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование