X
 08.07.2018 Живот

Како се одвиваше спасувачката мисија за извлекување на момчињата од Тајланд?

13 меѓународни и 5 тајландски нуркачи во 10:00 часот наутро го почнаа тешкиот процес на спасување на 12. момчиња и нивниот фудбалски тренер.

Како што претходно изјавија официјалните лица на Тајланд, се очекува спасувачката мисија да трае најмалку 11 часа, ако не и неколку дена.

мисија
Фото: The Guardian


Официјалните лица изјавија дека мисијата е многу голем предизвик, со оглед на тоа што момчињата се наоѓаат околу четири километри во внатрешноста на пештерата од главниот влез.

Тајландските нуркачи наречени „Фоки“ на почетокот на акцијата поставиле подземен командантен центар во Комората 3, што е на половина пат од влезот на пештерата до местото каде што се наоѓаат момчињата, меѓутоа, потребно е големо искуство во нуркање за да се реализира ова патување.

По речиси 7 часа, во 17:37 часот, било извлечено првото момче, а по 12 минути и друго. Тие се појавиле од пештерата носејќи целосни маски за нуркање и веднаш биле пренесени во болница.

Два часа подоцна, околу 19:40 и 19:50 часот, биле спасени уште две момчиња, прво едното, а по десет минути другото - неколку часа порано од предвиденото време за спасување.

Гувернерот Чианг Рај овој ден го нарече „Денот Д“, а владата на Тајланд објави инфографикон со деталите од спасувачката мисија. Инфографиконот вели дека секое дете има по двајца нуркачи, а децата ги води јаже.

- Денес имавме одлична ситуација во однос на здравјето на децата, водата и подготвеноста на нашите нуркачи. Ова беше вистинско ремек-дело - изјави Наронгсак Осатанакорн, главниот командант на центарот за координирање на операцијата.




Иако мисијата за ослободувањето на момчињата може да се каже дека помина и подобро од очекуваното, сепак, останатите момчиња ќе мораат да почекаат за нивното спасување.

Операцијата е паузирана најмалку 10 часа бидејќи резервоарите за воздух мораат да бидат заменети.



Следната фаза ќе продолжи во понеделник наутро, изјави гувернерот Чијанг Раи.

Изумот на Илон Маск пристигнува за неколку часа во Тајланд



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот