X
 08.10.2020 Живот

Разбудете се кога сакате. Извршниот директор на „Спотифај“ почнува со работа во 10:30 часот

На интернет има голем број статии што го откриваат времето на будење на најуспешните лидери на денешницата. Ричард Бренсон се буди во 5 часот наутро, Тим Кук во 3:45 часот, додека извршниот претседател на „Дизни“, Боб Игер, се буди во 4:30.

Доколку ги прочитате сите овие статии, ќе наидете на коментари и експерти кои тврдат дека ако сакате да бидете успешни и да напредувате во животот, треба да го следите нивниот пример. Она што ретко ќе го најдете е дека успешните луѓе претпочитаат лежерно утро.

Но, не треба да станувате рано за да го промените светот.

Најновиот пример доаѓа од интервјуто со Даниел Ек, извршен директор на „Спотифај“, направено од весникот „Обзервер ефект“. Долгиот разговор опфаќа интересни теми, но можеби најшокантното откритие е тоа што Ек го почнува денот како секој нормален човек.

- Ова ќе звучи неверојатно мрзливо во споредба со другите лидери. Се будам околу 6:30 часот наутро со моите деца и сопругата. Во 7:30 часот одам да вежбам. Во 8:30 часот одам на прошетка - дури и во зима. Во 9:30 часот читам околу половина до еден час. Понекогаш читам вести, но може да се најде и едно купче книги во мојата канцеларија, покрај мојот кревет и на масите низ домот. Книги за историја, лидерство, биографии. Прилично еклектична мешавина, слично како мојот вкус во музиката. Конечно, мојата „работа“ почнува во 10:30 часот - вели тој.

Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот