X
 29.03.2020 Живот

Што може да очекуваме кога луѓето повторно ќе почнат да патуваат со авион?

Авионскиот сообраќај нема да се врати на истото ниво како што беше долг период. Неговото враќање ќе се случи постепено низ светот. Луѓето ќе се плашат да патуваат со авион. Некои бизниси ќе се навикнат на онлајн-состаноци и нема да го користат овој сообраќај толку често. Оваа индустрија ќе биде многу поинаква откако ќе ја пребродиме кризата предизвикана од коронавирусот. Што поточно може да очекуваме во оваа индустрија?

Некои промени со кои се соочуваме денес ќе станат секојдневие. Може да продолжиме почесто да ги миеме рацете и да ја задржиме дистанцата помеѓу луѓето.


Фото: Pixabay

Многу службени патувања се за да се покаже колку е важно одредено лице. Со оглед на тоа што сега се навикнуваме на комуникација преку интернет, луѓето може различно да гледаат на оваа ситуација и бројот на службени патувања да се намали.

Бил Гејтс верува дека луѓето ќе имаат електронски картички на кои ќе бидат внесени податоците за нивните вакцини во минатото. Коронавирусот може да ја направи реална оваа претпоставка. Сите бизниси и сите луѓе нема да му се вратат на патувањето истовремено. Овој процес ќе напредува постепено.


Фото: Pixabay

Авионските агенции ќе продолжат да губат пари бидејќи авионите нема да бидат полни, па затоа и целиот авионски сообраќај ќе се смени. Агенциите ќе штедат на работи како ексклузивни простории за чекање и бесплатни оброци.

Меѓународните забрани може да се задржат подолго од потребното. Некои граници ќе останат затворени и кога ќе помине најстрашното, па соодветно можеби ќе се вратат и поголемите барања за одредени визи.

Згора на тоа, проверувањето на телесната температура може да стане вообичаено при влез во одредена држава. Сето ова ќе ја зголеми тензијата при летањето. Аеродромите и порано беа внимателни, но сега може да очекуваме поголема внимателност.

Автор: Гери Леф
Извор: viewfromthewing.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот