X
 09.07.2020 Образование

Вечерва онлајн-дебата на Факултети.мк и Деца.мк за тоа какво образование нѐ чека од 1 септември

Дали учениците ќе тргнат во училиште на 1 септември или повторно ќе учат од дома? Дали Министерството за образование и наука има визија и концепт како ќе се реализира наставата во новата учебна година? Дали родителите повторно ќе мора да работат од дома или да отсуствуваат од работа и секако да ги учат своите деца? Каква платформа за е-учење ни е потребна?
Во организација на Факултети.мк и Деца.мк вечерва ќе се одржи онлајн-дебата на која ќе се обидеме да дадеме одговор на овие, но и на многу други прашања поврзани со македонското образование.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во живо на Факултети.мк и Деца.мк ќе дебатираат: Елизабета Наумовска, заменик-министер за образование и наука, Кирил Барбареев, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Александра Максимовска, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ана Попризова, училиштен психолог во гимназијата „Орце Николов“ - Скопје, и Владислав Бидиков, ИТ-инженер на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).


Дебатата ќе ја води новинарката Катерина Топалова. Ќе може да ја следите и на нашата фејсбук-страница


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование