X
 09.11.2017 Технологија

Еве на кои начини сами ja забавуваме работата на компјутерот

1.    Не користите или не сте го ажурирале антивирусот

Ако користите „Виндоус 10“, а не сте инсталирале антивирус, не грижете се. Оперативниот систем е опремен со релативно квалитетен безбедносен пакет кој ќе ве заштити од најчестите закани. Но, ако отворате ризични страници, а притоа не сте инсталирале антивирус, време е да се разбудите и да го инсталирате. Кога сме веќе тука, треба да проверете и дали вашата заштитна програма е неодамна ажурирана. Нови закани се појавуваат секој ден.

2.    Инсталирате сè без размислување


Колку пати сте инсталирале и без размислување сте притиснале next? Верувајте – не сте единствените. Голем број корисници на Пи-Си едноставно ги занемаруваат подмолните понуди што освен бараната програма инсталираат дополнителни програми без дозвола. Обрнете внимание на сите интерактивни ставки во инсталацијата на програмата. Би биле изненадени кога би знаеле што сè некои девелопери подметнуваат во своите до неодамна „чисти“ инсталации.

3.    Не користите доволно безбедни лозинки

Во случај ова да не сте го чуле стопати – не користете исти лозинки за различни страници. Ако некој хакер стигне до вашите податоци, со таа една лозинка ќе може да создаде апсолутен хаос на вашите онлајн-профили. Она што треба да го направите е да размислите, да ги запишете вашите лозинки на хартија, да користите повеќе такви лозинки или, пак, да посегнете по еден од најсигурните системи за лозинки – password manager.

4.    Не сте го исчистиле вашиот компјутер

Кога последен пат сте го отвориле куќиштето од вашиот персонален компјутер? Ако одговорот е „повеќе од две години“, мислиме дека веќе сме ја нашле причината зошто вашиот компјутер „каска“. Чистењето на прашината и нечистотијата на многубројните вентилатори и ладилници во внатрешноста на куќиштето и тоа како може да го подобри „здравјето“ на вашиот компјутер. Прв знак дека нешто не е во ред е – драматично потивкиот звук кога е вклучен.

5.    Не го проверувате слободниот простор на дискот

Ако нема место на системскиот диск од компјутерот, треба да очекувате прилично голем пад на перформансите. Недостигот на простор е еден од најчестите „уништувачи“ на брзите дискови. За да ослободите простор, деинсталирајте ги излишните програми и складирајте ги сите документи на надворешни медиуми, како УСБ или оптика.

6.    Веќе сте инсталирале неколку активни антивирусни програми


Овој проблем е почест отколку што мислите, а неговото решение е релативно едноставно – одлучете се за еден безбедносен пакет и деинсталирајте ги другите. Повеќето антивируси се најдобри кога „настапуваат соло“ на вашиот компјутер, а големи се шансите компјутерот да работи многу побрзо по отстранувањето на „вишокот“ антивируси.

7.    Никогаш не сте ги прочистиле вашите веб-пребарувачи

Овој многу чест и многу ефикасен начин за забавување на сопствениот компјутер вклучува и нередовно чистење на таканаречениот cache во пребарувачот. Cache е симната содржина која компјутерот ја користи за побрзо да ги вчитува страниците што често ги посетувате. Таа мапа многу често знае буквално да е затрупана со податоци кои никогаш не ги користите. Секој модерен пребарувач има опција за бришење на складираните страници, а процедурата е релативно едноставна.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија