X
 10.02.2020 Култура

Ал Пачино за предавството: Кога паѓа дожд, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време

Изјавите на славниот актер Ал Пачино се цитираат многу често, а она што тој го кажал за предавството од блиските лица е една од најдобрите работи.

- Предавството е составен дел од животот. Родители си ги напуштаат децата, оние што се колнеле на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, маж остава жена, сите овие ситуации се дел од животниот пат - вели тој.

- Кога некој ќе ве повреди, важно е да запомните: тоа не се случило затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога паѓа дожд, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време.

Штом ќе го сфатите ова, ќе станете имуни и ментално посилни. Би требало почесто да се водиме по овој став. Луѓето минуваат премногу време обвинувајќи се себеси, а тоа не помага ни најмалку. Па како тогаш да се одговори кога некој ќе ве предаде и повреди?

- Не трошам време на луѓето што ме повредиле. Не се враќам на нив и не размислувам претерано за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние што ме мразат, премногу сум зафатен со оние што ме сакаат - вели Пачино.

Фото: Noizz
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура