X
 10.02.2025 Забава

Нова серија на „Нетфликс“, означена како „страшна и чудна“, ги тера луѓето да се загрижат за технологијата што ја имаат дома

Има уште неколку месеци до последната сезона на „Игра со лигни“, па сигурно дека добро ќе ви дојдат други препораки за серии дотогаш.

Не се работи за популарната „Почудни нешта“, но креаторите, браќата Дафер, неодамна потврдија дека обожавателите на серијата можат да очекуваат премиера на последната сезона годинава.

Со наслов „Касандра“, серијата на германски јазик, составена од шест епизоди, дебитира на „Нетфликс“ на 6 февруари.

- Касандра гледа сè, Касандра слуша сè, Касандра е насекаде. Системот за паметни домови и неговиот електронски домашен асистент, кој го игра Лавинија Вилсон, се затворени уште од 70-тите години. Кога Самира (Мина Тандер) и нејзиното семејство се вселуваат во празната куќа, тие не се свесни дека повторно активираниот систем не е безопасен помошник во домаќинството. Касандра има многу специфични идеи за тоа како треба да се одвиваат работите и нема да толерира никакви пропусти. Таа комбинира застарен светоглед со мрачни намери - се вели во синопсисот што го напиша „Нетфликс“ за „Касандра“.

По само неколку дена од објавувањето коментарите за серијата не стивнуваат. Многумина велат дека на серијата би ѝ дале оцена „10“, а ја опишуваат како „луда“ и „чудна“. Гледачите, исто така, споделувале рецензии за „Касандра“ на „ИМДб“, каде што 14,1 отсто од гледачите ѝ дале десет ѕвезди, 9,7 отсто ѝ дале девет ѕвездички и 19,2 отсто дале осум ѕвезди.


- Задолжително е да се гледа, а јас сум без зборови колку е добра. Глумата е емотивна и не се чувствував како да има некој лик што не одговара, особено актерката што ја игра Касандра, нејзината изведба е спектакуларна - вели еден гледач.

Извор: unilad.com

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава