X
 31.12.2017 Технологија

За овие жени во светот на технологијата, 2017 беше одлична година!


Состанок на вработени
(Фото: Pixabay)


Оваа година беше добра за жените во светот на технологијата

Иако се малцинство, жените се сè поприсутни во светот на технологијата, па дури и на чело на стартапи или етаблирани компании кои се занимаваат со возбудливи проекти што би можеле да ни го променат животот. Еве неколку од нив, за кои 2017 беше одлична година, барем во деловен поглед.

Џули Вајнрајт (Julie Wainwright)

Непријатното искуство со затворањето на проектот Pets.com не ја обесхрабри Вејнрајт, која повторно се фрли на работа покренувајќи го RealReal, каде што продава луксузна употребувана стока по значително пониски цени. Компанијата има 950 вработени и најверојатно ќе прокнижи повеќе од половина милијарда долари приходи оваа година. Годинава собра околу 50 милиони долари инвестиции, односно 173 милиони вкупно.

Џули Шенфелд (Julie Schoenfeld)


Искусната претприемачка и инженерка пред три години ја покрена компанијата Strobe. Во октомври оваа година Strobe го купи американскиот автомобилски гигант GM, кој нивната технологија ќе ја употреби за да го намали  LIDAR-сензорот на големина од еден процесор, што е исклучително важно за развој на автономни возила.

Сели Крочек (Sallie Krawcheck)


Таа беше едно од најмоќните лица на американскиот „Вол стрит“ сè додека не беше исфрлена од Citigroup каде што го водеше одделот за управување со имотот. Но, таа застана на нозе, како што се вели. Го покрена Ellevest, платформа за инвестирање онлајн посветена на жени што се занимаваат со вложувања. Со поранешните десет, Ellevest годинава привлече 34,6 милиони долари инвестиции.

Марија Бенет (Maria Bennett)

Инженерката по биомедицина е основач, претседател и главен директор на SRP Theraputics, компанијата која разви технологија за невростимулации за сузбивање на хронични и акутни болки која не вклучува лекови, туку жица и преносен стимулатор. Оваа година привлекле околу 25 милиони долари инвестиции, како и одобрение од американското регулаторно тело FDA.

Витни Волф Херд (Whitney Wolfe Herd)

Пред три години таа беше позната по тоа што пријави дека сексуално ја вознемируваат и ја дискредитираат во Tinder, компанијата каде што беше соосновач и каде што работеше како потпретседател за маркетинг. Во меѓувреме ја покрена Bumble, апликација за запознавање наменета за жени, која во моментов има 22 милиона регистрирани кориснички и повеќе од сто милиони американски долари приходи.

Мелони Вајс (Melonee Wise)


Willow Garage, брзорастечката компанија за роботика што ја покрена Вајс, неодамна привлече влог од 25 милиони долари, што ја подигна вкупната инвестиција во оваа компанија на 48 милиони долари. Инвеститор беше компанијата Fetch Robotics, која гледа можност за примена на технологиите што ги развива Willow Garage во логистика и трговија.

Џојс Ким (Joyce Kim)

Како правник со диплома од Колумбија, таа пред неколку години покрена непрофитна мрежа за плаќање Stellar за да го олесни трансферот на средства на лицата на кои не им е лесно достапен. Ова година таа отиде чекор понатаму, основајќи го SparkChain Capital, фонд за ризичен капитал кој ќе финансира производи и услуги поврзани со blocкchain и криптовалутите. Kim за таа цел има намера да собере сто милиони американски долари.

Ванг Сјаоју (Wang Xiaoyu)

Пред да го покрене CastBox во 2015 година, Xiaoyu студираше на Пекиншкиот универзитет и работеше за „Гугл“. Таа апликација за преземање и организација на аудиосодржини во меѓувреме стана многу популарна во Европа и во САД, а поддршка ѝ дале и инвеститори со 16 милиони американски долари.

Ен Боден (Anne Boden)

Откако во 2014 година ја напушти една од најголемите ирски финансиски институции – Allied Irish Bank, Boden ја покрена првата банка на светот наменета исклучиво за мобилни телефони. Starling денес има повеќе од сто вработени и сè уште нема ниту една подружница, и покрај инвестицијата вредна 70 милиони долари зад која стои инвеститорот Harald McPike.

Наталија Бејли (Natalya Bailey)


Наместо кариера во образование, Бејли и нејзиниот колега Луис Перн (Louis Pern) развиле погонски систем за многу мали сателити – проект кој настанал во текот на школувањето во лабораторијата Space Propulsion при MIT. Нејзината пет години стара компанија Accion Systems досега привлекла инвестиции во висина од 12,5 милиони долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија