X
 10.03.2022 Политика

Украина во мрак: сателитски фотографии покажуваат како изгледа земјата ноќе

Речиси цела Украина е во мрак, покажуваат сателитски фотографии од Европа направени ноќе. Се забележува големата разлика помеѓу соседните земји и Украина, која веќе две седмици е во војна со Русија.

Фотографијата во продолжение била направена од страна на американската вселенска агенција НАСА на 7 февруари годинава. На неа се гледа како изгледала Украина пред нападот од страна на Русија.


Фото: NASA LAADS/Sky news

Од друга страна, еве како изгледала Украина ноќе на 7 март. На фотографијата може да се забележат само малку светла. Се покажува дека главниот град Киев свети најсилно, иако значително послабо во споредба со претходниот месец.


Фото: NASA LAADS/Sky news

Извор: Sky news
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика