X
 10.04.2023 Живот

Какво време нѐ очекува за Велигден?

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре до четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Утре и в среда по должината на Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.

В петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

В сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, соопштија од УХМР.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот