X
 10.05.2021 Технологија

Соларни планини што би можеле да го напојуваат секое место на Земјата со електрична енергија

Климатските промени сѐ повеќе влијаат врз начинот на кој ја дизајнираме нашата околина. Инженерите, но и архитектите и уметниците, истражуваат нови начини за ублажување на ефектите од затоплувањето и ослободувањето на јаглеродниот диоксид во атмосферата.

Индиската архитектонска компанија НУДЕС дизајнира еден од 10. предлози што влегоа во потесниот избор за уредување на „Флај ранч“, земјиште кое се протега на 3.800 хектари во Северна Невада. Предлогот на компанијата е изградба на „Соларна планина“, трајна инсталација која би произведувала 300 MWh електрична енергија годишно.

1

Дизајнот, инспириран од природниот пејзаж во кој би бил сместен, вклучува низа соларни панели, а модуларната конструкција би содржела елементи изработени од рециклирано дрво и еколошки материјали. Целиот комплекс се состои од четири единици, секоја со 182 соларни панели со моќност од 300 вати. Вкупно, соларната планина би произведувала околу 318.645 kWh годишно.

3

Соларната планина не е само интересен соларен парк за производство на обновлива енергија, туку е замислена и како интерактивен центар за инсталација и комуникација. Имено, соларните панели создаваат полупокриен премин за посетителите, доволно засолнет од силното сонце и доволно светол за во него да се организираат разни настани и едукативни програми.

2

Енергијата собрана од панелите од планината би можела да го намали јаглеродниот отпечаток, а креаторите на модуларниот дизајн веруваат дека нивната технологија може да понуди нова и еколошка алтернатива на помалку одржливите форми на производство на енергија.

Извор: Pv-magazine.com
Фото: NUDES/LAGI2020
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија