X
 10.08.2018 Живот

Десет жени што оставиле печат во историјата

Можеби сте слушнале за нив или за нивните дела, а можеби и не. Овие жени преминале огромни пречки за да стасаат таму каде што стасале.

Розалин Јалоу

Фото: Popular Mechanics

Таа била нуклеарен физичар и заедно со лекарот Соломон Берсон развила лабораториска анализа која служи за одредување на концентрацијата на антигени со помош на антитела, наречена радиоимуноесеј (РИА). Со помош на ова истражување тие успеале да докажат дека дијабетес тип 2 е предизвикан од недоволното производство на инсулин.

Марија Кири

Фото: Popular Mechanics

Марија Кири е првата личност што добила Нобелова награда во две различни области на науката – физика и хемија. Од нејзините истражувања сме запознаени со полониумот и радиумот, како и со понатамошниот развој во создавањето на рендгенските зраци.

Роза Паркс

Фото: Popular Mechanics

Позната по одбивањето да му отстапи место на белец во автобус, Паркс поттикнала многу луѓе да се борат против сегрегацијата во САД. Таа подоцна била уапсена поради таа кавга, но останала доследна на своите убедувања за време на Движењето за граѓански права во САД, кое траело од 1954 до 1968 година.

Флоренс Најтингел

Фото: Popular Mechanics


Позната како Госпоѓата со ламбата, Најтингел помогнала во реформирањето на условите во болниците за време на Кримската војна. Прекарот го добила поради тоа што кога одела да ги посети пациентите навечер, носела ламба. Била позната и како Ангелот на Крим, прекар кој ѝ бил даден од војниците за кои таа и нејзиниот тим се грижеле.

Амелија Ерхарт


Фото: Popular Mechanics

Амелија била пионер меѓу жените во авијацијата, а постигнала и неколку рекорди за да докаже дека жените авијатичари се еднакво добри како мажите. Таа исчезнала некаде над Тихиот Океан во 1937 година кога се обидела да направи кружен лет околу светот. Нејзиното исчезнување е една од најголемите мистерии на 20 век.

Фрида Кало

Фото: Popular Mechanics

Кало е феминистичка икона и истакната сликарка позната по нејзините автопортрети. Таа станува жртва во сообраќајна несреќа меѓу автобусот во кој се возела и трамвај, па се здобила со фрактура на 'рбетниот столб. Кало докажала дека само затоа што сте ограничени во некои аспекти од животот, не значи дека не можете да успеете во други.

Мери Стоупс

Фото: Popular Mechanics

Стоупс била активист за права на жените и за планирање на семејството. Таа ја отворила првата клиника во Лондон, на 17 март 1921 година. Таа и нејзиниот сопруг ја финансирале клиниката, која нудела бесплатни услуги за омажените жени, а им давала информации и за контролата на раѓање на сиромашните.

Сали Рајд

Фото: Popular Mechanics

Во 1978 година Сали станала првата Американка што патувала во вселената. Таа пилотирала со спејс-шатлот „Челинџер“. Сали ја напушта НАСА во 1987 година и потоа работи како професорка по физика на Универзитетот во Калифорнија, како и во Центарот за меѓународна безбедност и контрола на вооружувањето на Универзитетот „Стенфорд“.

Вини Мандела

Фото: Popular Mechanics

Како поранешна сопруга на иконата на борбата против апартхејдот - Нелсон Мандела, Вини имала и своја политичка борба против апартхејдот. Таа била заменик-министер за уметност и култура, претседател на женското крило на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) и член на Националниот извршен комитет на АНЦ.

Миријам Макеба

Фото: Popular Mechanics

Макеба е позната како првата црна музичарка што ја напуштила Јужноафриканската Република поради апартхејдот и нејзиното заминување поттикнало многу други да ја следат. Нејзините песни, како „The Click Song“ и „Pata Pata“, се слушани насекаде. Таа случајно го создаде афроизгледот кој потоа стана популарен во Америка.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот