X
 10.09.2019 Живот

Нови метеорски дождови ќе приредуваат спектакли на небото

Спектакуларен метеорски дожд ќе го осветли ноќното небо на почетокот од октомври. Еве што треба да знаете за Драконидите, едни од најубавите метеорски дождови што можеме да ги видиме.

Драконидите може да се видат меѓу 6 и 10 октомври, а врвот го достигнуваат на 8 октомври, кога набљудувачите ќе можат да видат многу метеори како прелетуваат на небото.

Оваа година метеорскиот дожд е во изблик и би можел да „испорача“ 40-50 метеори во час. Сепак, се очекува полната месечина премногу да го осветли небото и да создаде проблеми.

Драконидите се случуваат кога Земјата минува низ орбитата на кометата 21П/Џакобини-Цинер и нејзините отпадоци, кои се судираат со атмосферата и горат како метеори.

Во некои години има екстремно импресивни глетки. Во 2011 година набљудувачите во Европа велеа дека гледале по повеќе од 600 метеори во час. Се препорачува метеорскиот дожд да почнете да го гледате кога се стемнува.

Ова не е единствениот возбудлив метеорски дожд што ќе се појави во октомври - Орионидите ќе може да се видат околу 21 октомври, така што ќе имаме интересни небесни приредби.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот