X
 14.06.2022 Економија

Итно се потребни работници: Во Германија се затвораат базени поради недостиг на кадар

Базен во местото Ландсвејлер-Реден во Саарленд, Германија, не работи во среда бидејќи тоа ѝ е слободен ден на Силвија Келер, единствен квалификуван експерт за надзор на базени. Сопствениците на базенот немале друг избор. Тие долго време барале уште еден експерт за надзор, но не успеале да најдат.

- Со оглед на тоа што според правилникот за работно време секој има право на барем еден слободен ден во седмицата, јас одбрав да бидам слободна во среда. А бидејќи нема друг експерт за надзор на базени, базенот мора да биде затворен во среда - објаснува Келер.

Келер, која работи во оваа област над 40 години, објаснува дека нејзината работа подразбира проверка на технологијата и работата во базенот, како и на количеството хлор и слично.


Фото: Pixabay

Во Саарленд и други надворешни базени имаат проблеми со кадар. Базенот „Валерфанг“ е затворен во понеделник поради недостиг на кадар. Се бараат работници и од други професии, на пример, за благајната. Проблемот со недостиг на кадар во базените е присутен и во други делови од Германија.

Во источниот дел од земјата некои базени морале да се затворат бидејќи немале работници. Се претпоставува дека околу 3.000 отворени и комбинирани базени во Германија имаат недостиг на кадар.

Но, за многу млади, работата како експерт за надзор на базен не е атрактивна бидејќи вклучува работа за викенд и мала плата. Освен тоа, многу работници за време на пандемијата, кога базените беа затворени, морале да бараат друга работа, а за многу студенти привремената работа како спасител веќе не е опција бидејќи распоредите на факултет не се толку флексибилни.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија