X
 11.03.2022 Живот

„Светот на Биби“ – најдобра е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината

Доделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021

Вчера, во хотелот „Мериот“ се одржа свечена манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година Ecommerce Awards, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири-комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од многубројни домашни актери и уметници.

- Вечерва е посебна вечер за македонската е-трговија! Вечерва ќе ги препознаеме трудот, успешната работа и напорите за успешно менаџирање на онлајн продажба на најдобрите во македонската е-трговија. Идејата за Ecommerce Awards постои уште откако постои Aсоцијацијата за е-трговија. Во првата анализа на е-трговијата во 2018 токму една од препораките беше организирање избор за најдобрите. Наградувањето и препознавањето е секогаш мотив за уште подобра работа. Не само што се стремиме да ги наградиме најдобрите за добрата работа, туку се стремиме и да ги поттикнеме другите да го унапредат своето работење и да ја подигнеме свеста за потенцијалот на е-трговијата - посочи претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, во своето поздравно обраќање.



Инаку, натпреварот за првите награди за е-трговија Ecommerce Awards се организира во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние што ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг-листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири-комисија која се состоеше од 11 члена. По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири-комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири-комисијата, беа формирани финалните ранг-листи кои ги одредија победниците.

На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: најдобри е-продавници по сектори, најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и шампиони во е-трговија, каде што се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Победниците се објавени утрово на страницата на Ecommerce Awards https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а во продолжение ја проследуваме листата со победниците.

Победници во секцијата најдобри е-продавници по сектори се:
- Маркетплејс платформа на годината - grouper.mk
- Е-продавница за облека и обувки на годината - fashiongroup.com.mk
- Е-продавница за бела техника и електроника на годината - neptun.mk
- Е-продавница за храна и пијалаци на годината - paket.mk
- Е-продавница за туристички услуги на годината - grouper.mk
- Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината - mytime.mk
- Е-продавница за дом, мебел и градина на годината - smartliving.mk
- E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината - svetotnabibi.mk
- Е-продавница од областа на услужни дејности на годината - kliknijadi.mk



Добитници на награди во секцијата најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање се:
- Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината - grouper.mk
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници - paket.mk (прво место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници - a1.mk (второ место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници - grouper.mk (трето место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - paket.mk (прво место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - kliknijadi.mk (второ место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - domato.mk (трето место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - grouper.mk (прво место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - fashiongroup.com.mk (второ место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - neptun.mk (трето место)
- Најдобра веб-страница за плаќање на сметки - a1.mk
- Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината - Агенција за катастар на недвижности



Добитници на награди во секцијата шампиони во е-трговија се:
- Најдобра новоотворена е-продавница - domato.mk (прво место)
- Најдобра новоотворена е-продавница - peko.com.mk (второ место)
- Најдобра новоотворена е-продавница - medicushelp.mk (трето место)
- Најпопуларна е-продавница - zegin.com.mk (прво место)
- Најпопуларна е-продавница - paket.mk (второ место)
- Најпопуларна е-продавница - grouper.mk (трето место)
- Е-трговец на годината за 2021 година - grouper.mk (прво место)
- Е-трговец на годината за 2021 година - paket.mk (второ место)
- Е-трговец на годината за 2021 година - fashiongroup.com.mk (трето место)

Категоријата најпопуларна е-продавница беше единствената во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.

Првите македонски награди за е-трговија беа овозможени благодарение на поддршката од Mastercard како генерален партнер и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамките на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на германската Влада. Златен партнер на Ecommerce Awards беше Iute Credit Macedonia, додека Ramstore, Serafimov Group и NLB Banka беа сребрени партнери. А1 Macedonia беше комуникациски партнер на оваа иницијатива.

Наградите во е-трговија имаат цел да ги препознаат најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна, да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Сите информации за натпреварот може да се погледнат на официјалната веб-страница: https://ecommerceawards.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот