X
 11.03.2024 Култура

Јапонија им забранува на посетителите да влезат во областа на гејшите

На посетителите на областа на гејшите во Гион, едно од најпопуларните туристички места во Кјото, ќе им се забрани влез во живописните улички бидејќи властите во Јапонија се обидуваат да се справат со драматичното зголемување на туризмот.

Жителите на поранешниот главен град на Јапонија се обидуваа да го проценат влијанието на финансискиот стимул од враќањето на големиот број посетители пред пандемијата и намалувањето на прекумерниот број туристи, од кои некои предизвикуваат инциденти и несоодветно се однесуваат.

Гион, каде што може да се видат традиционални геико и маико забавувачи како посетуваат вечерни забави за чај, често се мета на посетителите кои ги фотографираат и ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание и да се воздржат од допирање на скапите женски кимона. Имало и поплаки дека лица нелегално влегле во приватен имот на жителите од тоа место.

2
Фото: Wikipedia

Во декември, советот на жителите на Гион ја повика градската влада да преземе мерки против некултурните туристи, жалејќи се дека нивната населба не е „забавен парк“. Официјални лица од Кјото рекоа дека забраната за влез во тесните, приватни улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе забраната.

Претходните обиди да се убедат туристите да не им приоѓаат на жените и да не ги фотографираат, кои вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра, не успеаја.

Кјото беше главен град повеќе од 1.000 години, до 1868 година, и не е единствената јапонска локација што се бори со преголемиот број на туристи откако мерките против ковид беа укинати минатиот април. Најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја, потоа од кинескиот регион Тајван и Кина.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура