X
 11.07.2022 Технологија

Телеком ги доби 5G радиофреквенциите: првата и најголема 5G мрежа во Македонија сега и со гигабитни брзини

АЕК ги додели радиофреквенциите за радиоопсезите на 700 MHz и 3,6 GHz и отсега корисниците на 5G услуги на Телеком во сите поголеми градови низ државата ќе имаат гигабитни брзини.

5G мрежата на Телеком е веќе достапна во 16 града и нивните региони, а веќе од денес компанијата ќе започне со овозможување гигабитни брзини во центарот на Скопје, по што ќе следуваат централните подрачја на Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Струмица, а до крајот на септември и Куманово и Кичево. Македонски телеком и понатаму продолжува да ја шири мрежата од најновата генерација, а до крајот на оваа година 26 града ќе бидат покриени со технологија од петтата генерација.

Првата 5G мрежа во Македонија започна со комерцијална работа во февруари годинава, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции, паралелно и во комбинација со 4G. Со доделувањето на 5G радиофреквенциите, оваа технологија ќе го исполни својот потенцијал и ќе овозможи десет пати поголеми брзини од досегашните, а со тоа и можности за досега невидени услуги и производи.
- Со големи инвестиции и посветеност на терен од 2018, кога започна нашата 5G приказна, овозможивме технологијата на новата генерација да биде достапна за нашите корисници. Денес, со доделувањето на радиофреквенциите од страна на Агенцијата за електронски комуникации, ќе ја овозможиме супериорноста на новата технологија – гигабитните брзини.

Примената на инфраструктура и технологија од најновата генерација е во корист на целото општество, а пред сè на корисниците. Оттука, ја цениме одлуката на АЕК да ни ги додели 5G фреквенциите – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком.
Речиси сите уреди во портфолиото на Телеком се 5G сертифицирани, а 5G услугите со тарифите се достапни на следниот линк.

Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и ниска латенција во комуникацијата. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови функционалности кои ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија