X
 24.01.2024 Образование

Училиште ги тргна огледалата од тоалетите - учениците земале премногу паузи за да снимаат видеа

Основното училиште „Садрн Аламанс“ во Северна Каролина ги отстрани огледалата од тоалетите бидејќи учениците земале долги паузи за да прават видеа за социјалните мрежи.

Според порака испратена до семејствата на учениците, учениците оделе во тоалет по три или четири пати во денот. Некои барале почести паузи и се задржувале пет минути или повеќе. Според некои извори, некои ученици барале пауза за тоалет до девет пати дневно.

Откако училиштето ги отстранило огледалата, имало драстично намалување на бројот на паузи за тоалет.

Училиштето се одлучило за оваа мерка наместо да им ги одзема телефоните на учениците бидејќи некои родители сакаат нивните деца да ги имаат телефоните до себе од безбедносни причини. Освен тоа, некои наставници користеле телефони за време на часовите.


Извор: Business insider
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование