X
 11.07.2025 Живот

Овој бенд и неговата музика се дело на вештачка интелигенција, а има повеќе од милион слушатели месечно на „Спотифај“

„Велвет Сандаун“ (Velvet Sundown) инди-рок бенд со повеќе од еден милион слушатели на „Спотифај“ месечно, е откриен како целосно вештачки генериран проект. Откритието, потврдено преку ажуриран профил на „Спотифај“, стави крај на една недела шпекулации за автентичноста на бендот.

Создавачите на бендот со вештачка интелигенција го опишале како „трајна уметничка провокација“. Сите ликови, приказни, музика, гласови и текстови се оригинални дела создадени со помош на алатки за вештачка интелигенција, кои биле користени како креативни инструменти, изјавиле креаторите на „Велвет Сандаун“. Нивните криптични профили на социјалните мрежи претходно ги збунуваа следбениците со контрадикторни тврдења и сомнително вештачки фотографии од членовите на бендот.

Предупредувања од индустријата


ЦИСАЦ, Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори, која претставува повеќе од пет милиони творци, предупреди дека музиката генерирана од вештачка интелигенција може да ги намали приходите на уметниците за повеќе од 20 проценти во следните четири години.

„Спотифај“ одби да коментира за случајот со бендот, но портпаролката на популарната платформа за стриминг на музика, Џералдин Игу, изјавила дека „Спотифај“ не дава приоритет или не профитира финансиски од музиката создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција и потврди дека сите песни се создадени, поседувани и стримувани од овластени трети страни.

Конкурентот на „Спотифај“, „Дизер“, ја означи музиката на „Велвет Сандаун“ со предупредување за содржина генерирана од вештачка интелигенција. Оттаму во април изјавија дека 18 проценти од дневните прикачувања, повеќе од 20.000 песни, се целосно генерирани од вештачка интелигенција.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Spotify screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот