X
 11.12.2020 Забава

Слушнете ја премиерно новогодишната песничка од „Светот на Биби“! Добро позната мелодија, испеана на зазулски

Со љубов од тимот на „Светот на Биби“ за сите деца подготвивме два новогодишни подароци!
Првиот е Новогодишната зазулска песничка, која децата ќе ја обожаваат.
А вториот, новогодишна 25-минутна програма со ликовите од „Светот на Биби“. Двете содржини ќе бидат бесплатно достапни за оние што ќе се регистрираат на нашата едукативна платформа.

Регистрацијата на платформата, како и песничката и новогодишната емисија, ќе биде бесплатна за сите деца! А во иднина, на оваа платформа ќе имате можност да најдете и други едукативни и премиерни содржини и многу изненадувања.

Како да се регистрирате?

Многу едноставно!

1.Одите на https://edukacija.svetotnabibi.mk/
2.Се регистрирате!


Во соодветните полиња пишувате:
Име и презиме
Вашата е-адреса
Контакт-телефон
Лозинка и потврда на лозинката
Штиклирајте „I am not a Robot“ и селектирајте фотографии според барањето
Штиклирајте дека се согласувате со Условите за користење и Политиката за приватност
*Сите ваши податоци ќе бидат заштитени и ќе бидат користени само за она за што се наменети.

3.И добре дојдовте! Кликнете на видеото и уживајте во новогодишната песничка на зазулски.

Оваа година ја правиме поубава и со цел серијал на производи „Со љубов од Светот на Биби“, во кој покрај песничката, новогодишната емисија и платформата, влегуваат и новогодишните пакетчиња и честитките. Сите информации може да ги најдете на https://svetotnabibi.mk/.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава